Изменувачот на топлата вода е додаток за камин кој се монтира на излезот за чадоводната цевка.

Неговата задача е одземање на топлината од чадот и нејзино пренесување на водата од топловодното греење.
Тоа е многу економичен извор на топлина бидејќи не бара додатно ложење на каминот туку го искористува вишокот енергија кој се наоѓа во чадот. Вруќиот чад поминува низ разменувачот на топлина, водата се грее или догрева во него и како таква излегува во горниот дел од разменувачот кон системот за топловодно греење.
Изменувачот на топлина е допасуван да работи со греење со радијатори или подно греење со котли на цврсто гориво (на пр. камини), гас, нафта, сончеви колектори и тн.

Изменувачот на топлина е направен од котларски челик со дебелина од  4 mm. Тој материјал овозможува голема надежност во работата, термичка отпорност како и долготрајна работа.

Централниот дел на изменувачот е внатрешната комора во кој има вградено систем на цевки кои ја зголемуваат неговата површина за размена на топлината. Во разменувачот е вградена и клапна која има две позиции:
1 – вертикална положба – чадот поминува низ неговата внатрешност директно во оџакот – изменувачот е тогаш исклучен.
2 – хоризонтална положба – клапната е затворена. Чадот проаѓа низ коморите на разменувачот – изменувачот тогаш е вклучен

Внимание – При распалување на каминот, разменувачот треба да биде исклучен. При монтажата на изменувачот треба секогаш да се памти за да се остави можност за контрола на изменувачот (на пр. вратичка за ревизија)

Технички карактеристики
Номинална моќност (kW): До 9 – во зависност од типот на каминот
Димензии висина  x широчина  x длабочина (mm) : 580x570x310
Приклучок за оџак (mm): 200
Коефициент на полезно дејство (%)* : do 75%
Тежина (kg): 68,5
Количина на вода (l): 16,5
Mатеријал: котларски челик со дебелина од  4mm