Гусан камин од трета генерација

Нов камин кој нуди врвни карактеристики! Висок степен на искористеноста кој ги задоволува највисоките германски стандарди за екологија и ефикасност, поврзан со иделано излеаните гусани елементи со двоен заден ѕид дава производ со кој ќе се радуваат и Вашите поколенија.

Технички карактеристики

Номинална моќност (kW)12 (5,5 – 14)
Оџачки излез (mm)200
Коефициент на полезност (%)83
Емисија на CO (при 13% O2) ≤0,09%
Коефициент на енергетска ефикасност EEI109,32
Температура на чад (oC)277
Тежина (kg)194
Површина на греење (m2)**60 – 120
Max должина на трупци (mm)500
МатеријалСив лив (гус) Класа 200
Вид на горивоСезонско листопадно дрво, Брикети
Погоден за домови со рекуперацијаДА
Потребен минимален провев  in/out (см2) 700/900

УДОБНО КОРИСТЕЊЕ

Ложиштето е опремено со систем за чисто стракло благодарејќи на т.н. воздушна завеса која овозможува подеднакво распространување на воздухот, струи пред стаклото и ограничува наталожување на саѓа врз самото стакло. Тоа дозволува стакото да биде чисто за подолго време.

Одржувањето на чистотата е поедноставно со помош на дводелниот рушт (решетка над пепелникот) како и самиот пепелник каде што се собира пепелта. Додатно, ложиштето има монтажна гусана ограда која обезбедува од паѓање на дрвото надвор од ложиштето а го олеснува и неговото чистење.

Ложиштето има двојна задна плоча која лесно се демонтира од внатрешните рамења.

МАКСИМЛАНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА

Ложиштето на надворешната страна има густо разместени радијатори. Благодарејќи на таквото решение, површината која оддава топлина е многу поголема а авоедно е зголемена масата за акумулација на самиот камин.

Догорување на честичките се случува благодарејќи на дфлекторот, кој се загрева на највисока можна температура, го зголемува времето на пат на чадот. Овој процес ја зголемиува ефикасноста на горењето а воедно гарантира подобро искористување на енергијата а со самото тоа ја минимизира емисијата на штетните субстанции во атмосферата.

Уредот поседува троен систем за довод на воздух за согорување во комората за согорување, благодарејќи на кој согорувањето на дрвото во ложиштето е еколошко а исто така важно, согорувањето е економично.

Доводот на воздух се прави од надвор благодарејќи на приклучокот за воздух Ф125 mm. Приклучокот се наоѓа под ложиштето.

Второстепениот воздух се дистрибуира преку отворите од задната внатрешна плоча, каде што се догоруваат честичките.  Овој систем е одговорен за догорување на гасовите и ограничување на емисијата на штетните субстанции во околината. Зголемената ефикасност на каминот обезбедува ниски параметри на емисија на CO  (ниска емисија на CO).

Регулацијата на доводот на воздух е независна за сите три системи, благодарејќи на тоа, корисникот има целосна контрола на процесот на согорување.

БЕЗБЕДНОСТ НА НАЈВИСОК СТЕПЕН

Гусаниот преден дел опремен со декоративно огноотпорно керамичко стакло издржува температури до 800°C. Монтираното стакло поседува сертификат за квалитет и безбедност. Ова е ваќно бидејќи не сите огноотпорни стакла поседуваат сертифиат за безбедно користење во камините!

Густо наместените радијатори како и гусаните страници изработени од дебел гус гарантираат безбедност во работата како и максимлано искористување на топлината.

ЕКОЛОШКО СОГОРУВАЊЕ

Благодарејќи на конструкцијата на ложиштето како и системот за довод на воздухот во комората за согорување, каминот ги поддржува не само германските норсми за екологија и ефикасност Blmschv2 туку и ги исполнува барањата на EcoProject-от , субвенции за еколошки производи кои користат обновливи извори на енергија како што се дрвата.

Додатно, ложиштето е идеално за домови со рекуперација!