Задачата на овој уред е да создаде услови за правилно работење на каминот односно котелот за топловодно греење:

  • Контрола на пумпата (вклучување и исклучување)
  • Контролира процесот на согорување (доводот на воздух за согорување) при што количината на потрошени дрва може да опадне и до 30% !!!!
  • Во случај на потреба да го извести корисникот на каминот за моменталната состојба (преку визулени или звучни сигнали) или да го предупреди доколку има некоја опасност (превисока температура)

 Со овој уред ќе се постигне следното:

  1. Заштеда на електрична енергија и до 50% доколку пумпата  е контролирана со електронскиот термостат.
  2. Заштеда и до 30% на дрво доколку се вгради клапната за воздух и воздухот е донесен од надвор
kontrola_sogoruvanja_elektronska

Составните елементи на MSK уредот се:

  • Дисплеј со командни тастери
  • Автоматска клапна за довод на воздух
  • Сензори за топлина

Следи објаснување за функционирањето на уредот:
Кога каминот трба да се запали, клапната се отвара.
Кога каминот ќе ја достигне пoсакуваната температура, ја вклучува пумпата, одведувајќи ја топлата вода во системот за централно греење и при тоа се носи нова вода која е претходно оладена. Овој начин на функционирање е нужен бидејќи во спротивно водата поминувајќи низ каминот нема да успее да се загрее. Доколку се сака да се постигне каминот да игра улога на проточно грејно тело, тогаш треба да се обезбеди околу 2х помоќно грејно тело што не само ќе чини поскапо при купување туку и потрошувачката на гориво во текот на експлоатацијата ќе биде многу поголема.
Дококлу водата во каминот почне да достигнува тмпература над дозволената (вообичаено околу 90ºС) уредот со помош на дисплејот и звучен сигнал алармира дека треба да се престане со ложење при што ја затвара клапната за довод на воздух за да го успори процесот на согорување.

Уредот лесно се монтира и програмира.

Овој уред е од многу големо значење за успешно функционирање на целиот систем.
Доколку го нема, потрошувачката на гориво (дрво) може да нарасне и до 2х од реално потребната а со електронската контрола на клапната, може да се заштеди и до 30% од предвидената количина дрва.
Пример за успешна имплементација на овој систем од еден од нашите клиенти:
Простор за греење: 240 m2
Вградено ложиште: Amelia 30 kW
Средна потрошувачка во последните 3 години: 14m3 мешано дрво (даб/бука)