Прохромските (инокс) оџаци
На оваа страна ќе дознете за прохромските изолирани оџаци.
Со вкл. 18% ДДВ. Ориентациона пресметка. Во цените не е вклучена монтажата.
Прохромските оџаци се подеднакво добри за резиденцијални како и за индустриски објекти (млеакри, винарии, фабрики, училишта и тн)
- Материјал за изолација: керамичка волна !!! Многу подобар изолационен материјал (и многу поскап) отколку камената волна!
- Пречници кои ги нудиме се: ø130/180, ø150/200, ø200/250,ø250/300mm. Наведените пречници се внатрешните, функционални пречници/надворешен пречник.
- Нудиме и поголеми пречници како ø300, ø350 или ф400mm кои се реализираат по нарачка
Наведените цени се со вклучено ДДВ.
Ф130/150 | Ф150/200 | Ф200/250 | Ф250/300 | Ф300/350 | ||
Прохромска конусна капа | 25 | 28 | 30 | 35 | 45 | |
Завршен дел на оџак | 16 | 18 | 21 | / | / | |
1m' изолиран оџак | 35 | 48 | 58 | 80 | 120 | |
1/2m' (50cm) | 25 | 30 | 35 | / | / | |
1/4m (25cm) | 20 | 28 | / | / | / | |
Т-приклучок | 50 | 60 | 85 | 130 | ? | |
Изолирано колено 45 | 30 | / | / | / | / | |
Изолирано колено 90 | / | / | / | / | / | |
Завршен дел | 16 | 18 | 21 | / | / | |
Капаче за ревизија и конденз | 9 | 10 | 13 | 15 | 22 | |
Држачи | 18 | 18 | 18 | 20 | 25 |
Цените се изразени во ЕУР, 1ЕУР = 61,80 МКД
- Што е оџак: Оџак е димоводен канал со чија помош се отстрануваат согорените честички од грејното тело во атмосферата,
- Дали е оџакот изолиран: Оџакот мора да биде изолиран бидејќи тој треба да овозможи догорување на честичките во неговата внатрешност, тој не смее да се лади бидејќи доаѓа до натрупување на саѓа (која може да се запали) и може да дојде до појава на големи количини на кондензат.
- Какви оџаци има и који се нивните предности и маани?
Назив / караткеристика | Ѕидани оџаци (тула*, КБ блок) | Шамотни оџаци Schiedel | Прохромски оџаци |
---|---|---|---|
Дали е потребен е темел/плоча како фундамент | да | да | НЕ! |
Тежина / m’ | > 100 kg/m’ | >180kG/m’ | cca 15kg/m’ |
Min. број на работници потребни за изведба | 3 | 4 | 1 |
Просечна должина на изведба во метри за еден раотен ден | 4 | 6 | 10 |
Потребен е посебен транспорт | да | да | Не |
Надежност | Многу мала | Одлична | Одлична |
Кисело отпорност | нема | Да | Да |
Можност за демонтажа | не | не | Да |
Сертификат CE | никогаш | Да | Да |
Работна температура | <250 oC | 800 oC | 800 oC |
- Зошто оџаците од тули не се препорачуваат:
Прво да кажеме дека оџаци од тули според европски нормативи се забранети! Тулата како материјал не е отпорна на киселините кои се создаваат во оџакот како последица на хемиска реакција помеѓу саѓата и влага во зодухот. Малтерот со кој се ѕидани, уште помалку е отпорен на тие корозивни својства а исто така е и порозен поради што со тек на време доаѓа до појавана микро пукантини кохи потоа се шират. Поради таа појава, оџаците почнуваат да влечат сѐ помалку, да се јавува голем кондензат и нанесуваат гоелми штети. Поради тоа, оџаците ѕидани од тули можеби се поевтини, на почеток, но бројните проблеми који може да ги предизивкаат и штетите се многу поголеми од разликата во цена помему нив и шамотните или прохромските оџаци. Опасноста од пожар исто така е голема. Според наши сознанија, во Р. Македонија годишно се опожаруваат околу 130 куќи од оџаци изведени од тули.
- Прохромските оџаци може да се вградат во ѕиданите оџаци и на тој начин да се реновира стариот оџак. Мора сепак да се напомене дека оваа ситуација е возможна само доколку ѕиданиот оџак од тула има доволно широк отвор во кој нема пречки да помине иноксниот оџак.
- Глатката внатрешна површина овозможува делувањето на кондензатот да се сведе на занемарливо ниво. Друга карактеристика е тоа дека идеално рамната површина предизвикува многу подобро влечење со што имаат голема предност над керамичките оџаци.
- Лесна монтажа, не бара специјализирана опрема ниту знаење (иако, искуството е и те како добредојдено) а и ризикот од пукање на некој елемент при монтажа е скоро невозможен.
- Можност за повторно коистење на елементите: Сакатае грејното тело да е на друго место? Не е проблем, и после години употреба, оџакот може да се демонтира и премести на саканото место.
- Пониски трошоци: При најголем број случаји, цената на прохромските оџаци (материјал, транспорт, работа рака, припреми...) е пониска отколку на керамичките односно шамотните оџаци.