Ложиште со вграден вентилатор и термостат!
Камините со вентилатор овозможуваат до 5х побрзо загревање на просторт. Во зависност од квадратурата и моќноста на ложиштето, постои можност за спроведување на систем за топол воздух низ целата куќа.
Технички карактеристики
Димензии на врата (mm) | 690 x 520 |
Номинална моќност (kW) | 15 (макс 20kW) |
Максимален капацитет на турбински вентилатор [m3/h] | 650 |
Оџачки излез (mm) | 200 |
Коефициент на полезност (%) | 68 |
Тежина (kg) | 125 |
Површина на греење (m2)** | 80-120 |
Материјал | Котларски челик, гус |
Вид на гориво | Сезонско листопадно дрво |
* mg/mn3
** во зависност од изолацијата на објектот. За висина на просторија од 2.6m’
Предноста на овој систем на загревање за разлика од топловодното е угодноста на користење:
- Многу помала почетна инвестиција и намалени идни трошоци (не постои пумпа, нема радијатори, цевки, вентили….)
- Вклучувањето на вентилаторот е целосно автоматско. На вас останува само да ја регулирате брзината на вртежи.
- БЕЗГРИЖНО користење на каминот, без опасностите на системот за топловодно греење кај грејни тела на цврсто гориво:
- … нема проверки на количина на флуид,
- … нема проверки на притисокот во системот
- … нема проверки на вентилите и радијаторите, истекувања….
Предности на ложиштето:
1. Телото на ложиштето од котларски челик што овозможува брзо предавање на топлината
2. Рамно огноотпорно стакло со месингани декоративни елементи!
3. Вграден термостат кој го контролира работењето на вентилаторот. Автоматско вклучување и исклучување.
4. На вратата е монтирано огноотпорно керамичко стакло кое издржува температура до 800oC
5. Регулација на довод на воздух преку пепелникот
6. Гаранција 2 години