Моделите BS DECO се карактеристични по елегантноста, складноста но и високиот квалитет и моќта. Прекрасната глетка кон огнот е незаменлива а уживањето со почисто стакло подолго! Ова е најмоќниот модел од оваа серија.

За разлика од стандардниот модел, моделот DECO се одлуикува со поголемо остаклување, поелегантен изглед но и со систем за спроведување на додатен воздух – воздушна завеса, наменет за согорување кој воедно го штити стаклото од брзо прлање. Достапна е лева и десна верзија.

🔥 МАКСИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА

  • Максимално искористување на топлината благодарение на густо распоредени радијатори и ѕидот на ложиштето изработен од висококвалитетен леан челик со дебелина од 8 mm.
  • Зголемена површина за размена на топлина помеѓу топлите издувни гасови и просторијата, благодарение на високата димна комора.
  • Согорување на честички од горивото преку дефлекторот, кој ја продолжува патеката на издувните гасови.
  • Зголемена ефикасност на ложиштето преку рачно регулирање на потисокот во оџакот со вградената клапна.
  • Рачна контрола на процесот на согорување преку регулаторот на пепелникот.

🛡️ БЕЗБЕДНОСТ НА НАЈВИСОКО НИВО

  • Предниот дел на ложиштето е опремен со термоотпорна керамика која издржува температури до 660°C.
  • Вратата на каминот е отпорна на напрегања и стабилна благодарение на затворениот профил.
  • Заптивките на вратата се дизајнирани во профилиран канал, што гарантира правилно прилегање и заштита од евентуално испаѓање при работа.

✅ УДОБНО ЗА КОРИСТЕЊЕ

  • Просторна комора за согорување, која овозможува полнење со голема количина гориво без потреба од често дополнување.
  • Намалено таложење на саѓи преку системот за чисто стакло (воздушна завеса).
  • Елегантна и удобна рачка.
  • Можност за нивелирање на ложиштето благодарение на прилагодливите ногарки.

Технички карактеристики

Номинална моќност (kW)21 (10 – 25kW)
Оџачки излез (mm)200
Коефициент на полезност (%)79.90
Емисија на CO (при 13% O2) ≤0,134%
Емисија на честички mg/mn3167.5
Температура на чад (oC)322
Тежина (kg)211
Површина на греење (m2)**100-140
Max должина на трупци (mm)500
МатеријалСив лив (гус) Класа 200
, челик
Вид на горивоСезонско листопадно дрво, Брикети
Потребен провев cm21400 / 900
Систем на воздушна завесаДа (со провев од просторијата)

** во зависност од изолацијата на објектот. Дадените параметри се за висина на простор од 2,6m’