Ложиште за камин, предвидено за загревање на простор од 110 до max 150 m2.
Ложиште изведено од висококвалитетен котларски челик (Made In Poland) + обложено со гусани елементи од внатре!
Идеален избор за простор од 90 до 140м2. Ложиштето доаѓа со неколку интерени исклучително пратктични решенија:




Други приклучоци и карактеристики
- Приклучок за сонда за мерење на температура
- Два приклучоци за ладна вода (1“)
- Два приклучоци за излезна топла вода (1“)
- Еден помошен приклучок за барометар
- Пепелник скриен позади вратата
- Опционален приклучок за примарен воздух
- Вградена клапна, која ја овозможува контролата на влечењето на оџакот.
- Телото е изработено од 4mm челик
- Безбдносно проектиран да издржи притисок од 2bar.
🔥 МАКСИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА
- Куќиштето и предниот дел на вградениот елемент се отпорни на високи температури благодарение на употребата на висококвалитетен челик.
- Вградени топлински цевки и висок димовод кои ја зголемуваат површината за размена на топлина.
- Регулација на протокот на воздух преку вграденa клапна.
- Уредот има троен систем за довод на воздух во комората за согорување, што овозможува еколошко и, најважно, економично согорување на дрвото.
- Примарниот довод на воздух се врши однадвор преку вграден приклучок со дијаметар од 125 мм, поставен на дното од вградениот елемент.
- Секундарниот воздух се доведува преку отвори на задниот ѕид од ложиштето, создавајќи систем за дополнително согорување на гасовите. Овој систем ја намалува емисијата на штетни материи и ја зголемува ефикасноста на каминот, постигнувајќи исклучително ниски вредности на емисија на CO.
- Уредот е опремен со систем за чисто стакло — воздушна завеса рамномерно го распоредува протокот на воздух, го чисти стаклото и значително го намалува таложењето на саѓи.
- Регулацијата на доводот на воздух е независна за сите три системи, овозможувајќи прецизна контрола врз процесот на согорување.
🛡️ БЕЗБЕДНОСТ НА НАЈВИСОКО НИВО
- Одлична херметичност благодарение на цврстите заварувања направени во заштита од благороден гас.
- Челичните елементи се ласерски сечени со современа технологија и обликувани на CNC машини.
- Заштита од прегревање преку вградена серпентина — приклучок за влез/излез ½”.
🌱 ЕКОЛОШКО СГОРУВАЊЕ
- Уредот ги исполнува барањата на Екопроектот и стандардот BImSchV 2, кој ја дефинира максималната дозволена емисија на CO.
🧤 УДОБНО КОРИСТЕЊЕ
- Класичниот преден дел е опремен со керамика отпорна на температура до 660°C.
- Системот со ладна рачка го намалува ризикот од изгореници, овозможувајќи нејзино отстранување за време на согорување.
- Декоративната решетка го олеснува одржувањето на чистотата и спречува испаѓање на дрвото.
- Отстранливиот решеткаст дел и садот за пепел овозможуваат лесно чистење и одржување на вградениот елемент.
Технички карактеристики
Номинална моќност (kW) | 14 kW |
Средна моќност кон вода | 8 kW |
Дијапазон на моќност | 5.5 – 16.5 kW |
Оџачки излез (mm) | 200 |
Коефициент на полезност (%) | 85.7 |
Работен притисок | 2 bar |
Емисија на CO (mg/m3) | 1162 |
Емисија на честички* | 20 |
Температура на чад (oC) | 201,12 |
Тежина (kg) | 182 |
Количина на вода (l) | 40.5 |
Површина на греење (m2)** | 100-130 |
Max должина на трупци (mm) | 400 |
Материјал | Вискоквалитетен котларски челик + гус |
Вид на гориво | Сезонско листопадно дрво, Брикети |
* mg/mn3
** во зависност од изолацијата на објектот. Дадените параметри се за висина на простор од 2,