Модерно ложиште направено по најнови технологии и вградена воздушна завеса.
Загревна моќ до 70 m2.

: 1570 ЕУР со вкл. ДДВ

Технички карактеристики

Номинална моќност (kW)
min / max
16 (min 7, max 20)
Оџачки излез (mm)200
Коефициент на полезност (%)81
Емисија на CO (при 13% O2) ≤0,09%
Емисија на честички mg/mn320
Температура на чад (oC)213
Тежина (kg)205
Површина на греење (m2)**50-70
Max должина на трупци (mm)500
МатеријалКотларски челик  + ACCUMOTE **
Вид на горивоСезонско листопадно дрво, Брикети
Провев800 / 1000 см2

** во зависност од изолацијата на објектот. Дадените параметри се за висина на простор од 2,6m’

**  Вермиклуит и хемиски модифицраниот шамот – Accumote. Овие материјали се наменети за заштита на лимот од температура – прегревање и деформација и за да ја зголемат температурата на согорување во ложиштето со што се постигнува помала количина на пепел.Камините со овие материјали се наменети за горење до 8-max 12 чaса за разлика од гуасните (сив лис класа 200) кои може да се горат 24 часа без да се има потреба за одмор на материјалот.
Vermiculite и Accumote (шамотот) како материјали се нежни на удар и не влегуваат во гаранција на каминот.

Предности на ова ложиште:

  1. Предниот дел на ложиштето како неговото тело се изработени од котларски лим наменет за работа на високи температури.
  2. Челичните елементи се ласерски сечени а потоа виткани на CNC машини што доведува до многу голема прецизност на изработката.
  3. Секој вар е направен со благороден гас што доведува до голем квалитет на варот.
  4. На вратата е монтирано керамичко стакло отпорно на температури до 600oC.
  5. Благодарение на вратата која се подига по вертикала, лесно се додава дрво во текот на процесот нагорење додека со страничното отварање олеснето е чистењето на стаклото.
  6. На ложиштето се замонтирани мали ногарки кои овозможуваат негова висинска регулација до 40mm
  7. Вграден елемент за примарен воздух
  8. Каминот е опремен со систем за чисто стакло
  9. Комората за согорување е обложена со Thermotte
  10. Гаранција – 5 години!