Магијата на пламенот во Вашиот двор. Нема пепел, нема оџак..
Чисто уживање!

Материјал и боја: Долниот дел е изведен од црн челик

Димензии: Ширина 118.5 cm, длабочина: 32,5 cm, висина: 56,9 cm

Контрола: Автоматска

Во составот се вклучени: редуктор LPG, плинско атестирано црево и со приклучок за плинска LPG боца.

Номинална моќност (kW)17,5Обсег на моќност (kW)10.5 – 17.5
Вид на горивоPropan – Butan LPGДржава за кој е наменетmk
Стаклостраничностакло, челик
Широчина118,50Висина (см)56,90
Длабочина32,50БојаЦрна

МОДЕРЕН ДИЗАЈН

Модерниот изглед на PATIO Horizon одговара безмалку на секое место. Грејното тело може да претставува елегантен украс на домашната тераса или градина. Подеднакво успешно може да биде користен и на комерцијални места, ресторани, кафулиња, хотели и места за одмор. Атрактивниот изглед и пријатната топлина која се излачува од PATIO прави дворовите и терасите во домовите и рестораните да бидат секогаш исполнети со посетители, како во студените зимски денови така и летните и есенските вечери.

Природната визија на оганот е создадена со користење на најсовремените керамички горилници.

ЛЕСНА УПОТРЕБА

PATIO Horizon не испушта никакви звуци ниту мирис. Неговото функционирање има влијание на позитивна циркулацијата на воздухот , што е посебно важно на места на кои престојуваат лица чуствителни на алергии.

Уредот при полна моќност може непрекинато да работи дури 10 часа! Сметајќи дека е приклучен на стандардна боца од 11кг. Уредот работи на пропан бутан (LPG) но најдобро се покажува при користење само на пропан, бидејќи во тој случај согорувањето е драстично почисто.

PATIO не бара чистење, бидејќи оганот направен од него, не го зачадува стаклото.

Неговото пуштање во употреба е едноставно, со притискање на копчето од далечинскиот управувач.

СИГУРНОСТ НА НАЈВИСОК СТЕПЕН

PATIO Horizon се напојува со течен плин сместен во плинската боца. Пламенот е заштите од двете долги страни со помош на калено 4mm стакло со што се оневозможува директен допир со оганот. Тоа дозволува да им се веселиме на пламените јазици кои се под целосна контрола.

Користеното стакло е огноотпорнмо керамичко стакло кое се употребува во стандардните камини на дрва, кое издржува топлина до  800°C.

Долниот дел на PATIO е направен од нерѓосувачки челик кој е покриен со прашкасто нанесена фарба. Благодарејќи на тоа PATIO  е заштитен од оштетувања.

Доната комора на уредот е заштитена од неовластено отварање со специјаленмеханизам а самите вратички се со систем push-to-open.

Горниот дел на уредот гарантира дека пламенот ќе биде заштитен од ветар а топлината од внатре подеднакво се шири на сите страни.

PATIO Horizon поседува систем за заштита од паѓање или навалување. Доколку уредот се најде надвор од хоризонтална позиција уредот автоматски го блокира доводот на плин до горилникот. На уредот не му треба електрична инсталација за да работи, благодарејќи на тоа имаме сигурност дека дури и да снема електрична енергија, PATIO Horizon ќе го осветлува сиот наш простор.

Грејното тело е во целост безбедно за користење, има вграден систем од последната генерација за контрола на плинот со помош на далечински управувач со што го контролираме согорувањето.

Благодарејќи на вградениот контролер, можеме да го блокираме уредот од неавторизиран пристап од страна на деца или да го програмираме за вклучување во одреден час и ден.

Додатно, PATIO е опремен со сензор за термопара, кој во случај на снемување на пламенот, го прекинува доводот на плин до горилникот.