Производ кој повеќекратно ја подобрува изведбата и употребата на каминот, печки и на сите места каде што има потреба од многу добра термичка изолација.

Тоа е производ кој е комплетно е сигурен по здравјето на човекот. Овие калциум силикатни плочи претставуваат изолација но и конструкција (погледни ги сликите подолу). Во денешно време незамисливо е во да се изведе камин по најстрогите европски норми а да не се кориси овоj материјал. Секогаш дебелината на изолацијата била проблем при изведба на камините, но сега, тој проблем е веќе надминат бидејќи плочите Thermo Izol со дебелина од 2.5 и 3см, имаат фантастични термо изолациони карактеристики. Thermo izol плочите се 100% замена за камената волна, која се рони и поради што штетно влиае на човековото здравје доколку нема заштита од алуминиумска фолија,  а додатно со својата цврстина претставуваат замена за огноотпорниот гипс бидејќи нивната цврстина е далку поголема а воедно се  неколку класи повисоко во поглед на термисчката стабилнст и изолација, Класа A1. И како напомена, така наречениот огноотпорен гипс воопшто не е огно отпорен. Изложете го на температура над 200С и процесот на распаѓање ќе почне а воедно, картонот кој се наоѓа на гипсаните плочи ќе почне да гори.

За работа со плочите, потребен е обичен столарски алат, нема потреба од никакви специјализирани алати!

  • Извонредно добра термичка изолација
    λ при 200 °C: <0,1 W/mK
    λ при 500 °C: <0,2 <0,2%
  • Не гори, класа А1 (според DIN 4102-A1) – највисока класификација за незапаливи материјали
  • Термичка отпорност: 700 °C
  • Густина: (±10%) 250 kg/m3  (една плоча цца 4кг)
  • Голема цврстина поради што се користи и како конструктивен материјал DIN EN 1094-5: >1,4 MPa
  • Лесно се обработува (сечењето е со пила за дрво)
  • Боја: Сива
  • Стандарни големини: 1000 х 625 mm со дебелини 30 mm
  • Изработени се од 100% природни материјали и не претставуваат никаква закана по здравјето на човекот, 100% може да се рециклира и никакви штетни материи не се ослободуваат при производство на овој производ со што е еден од „нај зелените“ производи до сега произведени во индустријата.

MADE IN GERMANY!