INOX – прохромски оџаци. Врвен квалитет, долг век на употреба, лесни за одржување. Со специјална керамичка изолација.

  • Материјал за изолација: керамичка волна !!! Многу подобар изолационен материјал отколку камената волна!
  • Пречници кои ги нудиме се: ø130/180, ø150/200, ø200/250,ø250/300mm.  Наведените пречници се внатрешните, функционални пречници / надворешен пречник.
  • Нудиме и поголеми пречници како ø300, ø350 или ф400mm кои се реализираат по нарачка

Ориентациона пресметка. Цените може да се сменат без претходна најава. Во цените не е вклучена монтажата.

Наведените цени се со вклучено 18% ДДВ.
Ф130/180Ф150/200Ф200/250Ф250/300
Прохромска капа конусна/Techno23/4025/4555/6849/-
Завршен дел на оџак 24273650
1m’ изолиран оџак 566379120
1/2m’ (50cm) 35394975
1/4m’ (25cm) 25263749
Т-приклучок7180100202
Изолирано колено 45374764107
Изолирано колено 90 55 80128 214
Почетен дел 243036 55
Капаче за ревизија и конденз18202537
Држачи25252935
Kрагња за опшивkа//48/
Розетна за фасада14151728
Ф130/180Ф150/200Ф200/250Ф250/300
Цени од 06.2023 | Цените се ориeнтациони. Ве молиме за телефонска потврда за точни цени.

Цените се изразени во ЕУР, 1ЕУР = 61,85 МКД

Основни знаења и информации за оџаците

Мора да знаеш

  • Што е оџак:
    Оџак е димоводен канал со чија помош се отстрануваат согорените честички од грејното тело во атмосферата.
  • Какво гориво смеам да користам?
    Прохромски оџаци се наменети за листопадно дрво кое не смее да надминува влажност од 20%, пелети (8%).
    Забрането е согорување на дрво или дрвени пелети од иглолисни дрва! Тие предизвикуваат многу штетни материи како и температури повисоки од 600oC со што може да дојде до запалување на саѓата!
  • Дали е оџакот изолиран: 
    Оџакот мора да биде изолиран бидејќи тој треба да овозможи догорување на честичките во неговата внатрешност, тој не смее да се лади бидејќи доаѓа до натрупување на саѓа (која може да се запали) и може да дојде до појава на големи количини на конденз.
  • Дали смем да го монтирам оџакот на дрвена конструкција?
    Според правилата за изведба на оџаци, секој оџак треба да биде оддалечен од најблиското запаливо тело минимум 6см во добро проветрено место или 15см во непроветрено место.

Какви оџаци има и који се нивните предности и недостатоци?Ѕидани оџаци
(тула*, КБ блок)
Шамотни оџаци SchiedelПрохромски оџаци
Дали е потребен е темел/плоча како фундаментдадаНЕ!✅
Тежина / m’❗> 100 kg/m’❗>180kG/m’cca 15kg/m’✅
Min. број на работници потребни за изведба341✅
Просечна должина на изведба во метри за еден работен ден4610✅
Потребен е посебен транспортдадаНе✅
Просечна должина на изведба во метри за еден раbотен ден❗Многу малаОдлична✅Одлична
Кисело отпорност❗немаДа✅Да✅
Можност за демонтажаненеДа
Сертификат CE❗никогашДа✅Да✅
Работна температура<250 oC600 oC600 oC

Зошто оџаците од тули не се препорачуваат: Прво да кажеме дека оџаци од тули според европски нормативи се забранети! Тулата како материјал не е отпорна на киселините кои се создаваат во оџакот како последица на хемиска реакција помеѓу саѓата и влага во зодухот. Малтерот со кој се ѕидани, уште помалку е отпорен на тие корозивни својства а исто така е и порозен поради што со тек на време доаѓа до појавана микро пукантини кохи потоа се шират. Поради таа појава, оџаците почнуваат да влечат сѐ помалку, да се јавува голем кондензат и нанесуваат гоелми штети. Поради тоа, оџаците ѕидани од тули можеби се поевтини, на почеток, но бројните проблеми који може да ги предизивкаат и штетите се многу поголеми од разликата во цена помему нив и шамотните или прохромските оџаци. Опасноста од пожар исто така е голема. Според наши сознанија, во Македонија годишно се опожаруваат околу 130 куќи од оџаци изведени од тули.

1

Поправи го твојот стар оџак

Прохромските оџаци може да се вградат во ѕиданите оџаци и на тој начин да се реновира стариот оџак. Мора сепак да се напомене дека оваа ситуација е возможна само доколку ѕиданиот оџак од тула има доволно широк отвор во кој нема пречки да помине иноксниот оџак.

2

ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ

Глатката внатрешна површина овозможува делувањето на кондензатот да се сведе на занемарливо ниво. Друга карактеристика е тоа дека идеално рамната површина како и нејзината кружна форма овзоможува многу подобро влечење со што имаат голема предност над другите видови оџаци изведени од тули.

3

Лесна и брза монтажа

Монтажата на овие оџаци е брза
Монтажата е чиста, нема малтерисувања, изведба на темели, вода…

4

Пониски трошоци

Транспортот е поевтин бидејќи оџаците се лесни. Идните трошоци доколку се појави потреба оџакот да биде на друга позиција, тој едноставно се демонтира и се поставува на новата локација со што ќе заптедите многу средства!