При традицијоналното приклучување на камините во оџак, дел од енергијата на согорените гасови бега низ оџакот. Количината, на енергија може да достигне и дури до 30%. Единствениот начин таа енергија да се искористи а со тоа и искористеноста на каминот да се зголеми е преку намалување на топлината на чадот!

При традиционалното поврзување на каминот, голем дел од енергијата се губи преку издувните гасови кои излегуваат надвор низ оџакот.
Еден од начините за намалување на температурата на овие гасови, а со тоа и за зголемување на ефикасноста на каминот, е користење на акумулативни прстени кои можат да повратат и до 30% од изгубената топлина.
Акумулативните прстени ја насочуваат спирално траекторијата на издувните гасови, со што го продолжуваат нивниот пат и извлекуваат топлина од нив. Благодарение на густо поставените радијатори за топлина, се обезбедува одлична размена со воздухот кој циркулира низ нив. На тој начин, повеќе топлина се искористува за загревање на просториите, а термалната ефикасност на системот за греење значително се зголемува.
Прстените се изработени од гус, материјал кој се одликува со силни акумулативни својства и добра топлинска спроводливост. Тие се монтираат над ложиштето на гусаниот камин со специјално изработени носачи.
Тежината на прстените обезбедува стабилност и спречува нивно поместување, гарантира запечатување на каналите за проток на воздух и овозможува правилно функционирање преку специјален систем на отвори. Бројот на прстени зависи од планираните карактеристики на каминот.
Производот е по нарачка.




