![tecnost-za-loziste-palenisk](https://kamini.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/tecnost-za-loziste-palenisk.jpg)
БЛЕСОК (BLYSK) е средство за чистење на внатрешните ѕидови од котелот или каминот за топловодно (парно) греење од саѓите и смолите настанати од процесот на согорување.
Главната придобивка е зголемениот коефициент на искористување на топлината, намалена потрошувачка на дрво, поубаво ложиште.
Може да се користи и за чистење на огноотпорното стакло на каминот или печката како и пролетно чистење на ложиштата за да се елиминира мирисот преку летниот период кога каминот не се користи.