Тунелно двострано ложиште од последна генерација, произведено со најсовремени технологии и лесно за вградување.

Технички карактеристики

Номинална моќност (kW)
min / max
12(min 5, max 15)
Оџачки излез (mm)200
Коефициент на полезност (%)80
Емисија на CO (при 13% O2) ≤0,1%
Емисија на честички mg/mn318
Температура на чад (oC)270
Тежина (kg)165
Површина на греење (m2)**40-60
Max должина на трупци (mm)350
МатеријалКотларски челик  + ACCUMOTE
Вид на горивоСезонско листопадно дрво, Брикети
Провев900/ 700  см2

** во зависност од изолацијата на објектот. Дадените параметри се за висина на простор од 2,6m’

Предности на ова ложиште:

  1. Предниот дел на ложиштето како неговото тело се изработени од котларски лим наменет за работа на високи температури.
  2. Челичните елементи се ласерски сечени а потоа виткани на CNC машини што доведува до многу голема прецизност на изработката.
  3. Секој вар е направен со благороден гас што доведува до голем квалитет на варот.
  4. На вратата е монтирано керамичко стакло отпорно на температури до 600oC.
  5. Благодарение на вратата која се подига по вертикала, лесно се додава дрво во текот на процесот нагорење додека со страничното отварање олеснето е чистењето на стаклото.
  6. На ложиштето се замонтирани мали ногарки кои овозможуваат негова висинска регулација до 40mm
  7. Вграден елемент за примарен воздух
  8. Каминот е опремен со систем за чисто стакло
  9. Комората за согорување е обложена со Thermotte. Овој материјал има карактеристика на акумулација на топлина а воедно и изолација.
    Бидејќи претставува акумулационен материјал а со тоа е подобар од вермикулитот, зрачи топлина и после неколку часа од гасењето на ложиштето.
    Поради изолацијата, комората за согорувње има повисока температура со што се зголемува процентот на согорени честички при што исто така, се постигнува помало загадување на атмосферата.
  10. Гаранција – 5 години!