Поглед од 2 страни на оган, тело изработено од чист гус за високи перформанси и компактност. Идеaлен спој на ефикасност и магијата на огинот.
Достапен во две верзии, лева и десна ориентација.
🔥 МАКСИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА
- Максимално искористување на топлината благодарение на густо распоредени радијатори и ѕидот на ложиштето изработен од висококвалитетен леан челик со дебелина од 8 mm.
- Зголемена површина за размена на топлина помеѓу топлите издувни гасови и просторијата, благодарение на високата димна комора.
- Согорување на честички од горивото преку дефлекторот, кој ја продолжува патеката на издувните гасови.
- Зголемена ефикасност на ложиштето преку рачно регулирање на потисокот во оџакот со вградената клапна.
- Рачна контрола на процесот на согорување преку регулаторот на пепелникот.
🛡️ БЕЗБЕДНОСТ НА НАЈВИСОКО НИВО
- Предниот дел на ложиштето е опремен со термоотпорна керамика која издржува температури до 660°C.
- Вратата на каминот е отпорна на напрегања и стабилна благодарение на затворениот профил.
- Заптивките на вратата се дизајнирани во профилиран канал, што гарантира правилно прилегање и заштита од евентуално испаѓање при работа.
✅ УДОБНО ЗА КОРИСТЕЊЕ
- Просторна комора за согорување, која овозможува полнење со голема количина гориво без потреба од често дополнување.
- Намалено таложење на саѓи преку системот за чисто стакло (воздушна завеса).
- Елегантна и удобна рачка.
- Можност за нивелирање на ложиштето благодарение на прилагодливите ногарки.
Технички карактеристики
Номинална моќност (kW) | 18 |
Оџачки излез (mm) | 200 |
Коефициент на полезност (%) (eco design) | 76,6 |
Емисија на CO (при 13% O2) ≤ | 0,15% |
Емисија на честички mg/mn3 | 31 |
Температура на чад (oC) | 383 |
Тежина (kg) | 162 |
Површина на греење (m2)** | 150-180 |
Max должина на трупци (mm) | 500 |
Материјал | Сив лив (гус) Класа 200 , челик |
Вид на гориво | Сезонско листопадно дрво, Брикети |
** во зависност од изолацијата на објектот. Дадените параметри се за висина на простор од 2,6m’